Јоргос Папандреу прелага референдум за евентуалниот компромис со кредиторите

Атина, 22 мај 2015 (МИА) - Поранешниот грчки премиер Јоргос Папандреу предлага да се организира референдум за ратификација на евентуалниот компромис со кредиторите на неговата земја, искажувајќи убеденост дека на него Грците ќе гласаат „за“, бидејќи „сакаат да останат во еврозоната“, објави весникот „Та неа“.

Владата траба да договори компромис со европските партнери и потоа да го стави на референдумско изјаснување. Ако има спогодба со кредиторите, Грците ќе гласаат „за“, изјави Папандреу на конференција во Лисабон. 

Поранешниот грчки премиер потенцира дека „огромното мнозинство Грци сакаат нивната земја да остане во еврозоната и покрај страдањата што ги трпат од неа, бидејќи еврото го сметаат за стабилна валута“.

- Доколку Грците кажат „да“, ние како земја ќе ја реализираме оваа програма и тоа ќе ги смири германските даночни обврзници, изјави Папандреу пред новинарите во Лисабон.

Тој потенцираше дека „времето притиска, бидејќи земјата ризикува на крајот на мај или на крајот на јуни веќе да не може да го обезбеди исплата на платите на државните службеници“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...