Македонија и Србија договорија прелиминарна квота транспортни дозволи

Скопје, 22 мај 2015 (МИА)  - На состанокот на мешовитата комисија за меѓународен превоз на патници и стока меѓу Македонија и Србија што се одржа во Белград потпишан е протокол со кој е договорено за годинава да се размени дополнителна квота  од 50  дозволи за и од трети земји. 

На состанокот е договорена и прелиминарната квота на дозволи за превоз на стока за следната година, билатералниот и транзитниот превоз на стока за еколошки возила да биде либерален  односно без режим на дозволи, како и да се разменат 5.000 билатерални дозволи за нееколошки возила, 5.000 транзитни дозволи за нееколошки возила, како и 300 дозволи за и од трети земји, соопшти денеска Министерството за транспорт и врски.

Мешовитата комисија се договорила веднаш да почне постапка за измена на Спогодбата за меѓународен патен сообраќај меѓу Република Македонија и Република Србија каде ќе се предвиди целосна либерализицаија на билатералниот и транзитниот превоз на стока за нееколошки возила односно да се врши без режим на дозволи, како и либерализација на наизменичниот превоз на патници. 

Текстот на спогодбата се очекува да биде усогласен во септември или октомври годинава и да стапи во сила најдоцна до почетокот на следната година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...