Ирската Влада ги продава своите акции во компанијата „Ер Лингус“

Даблин, 27 мај 2015 (МИА) - Владата на Ирска соопшти дека одлучила да ги продаде своите акции во ирската авионска компанија „Ер Лингус“ на финансиската групација ИАГ, која е сопственик и на „Бритиш Ервејз“.

Ирската влада поседува 25 отсто од акциите, но најголем поединечен акционер е нискобуџетската авионска компанија „Рајан Ер“ со 29,8 отсто и таа, засега, не се изјаснува околу потегот на владата во Даблин.

ИАГ за владиниот пакет акции ќе плати 1,36 милијарди евра, а нејзин претставник изрази надеж дека „Рајан Ер“, која е исто така ирска авионска компанија, ќе се согласи со договорот за откуп.

Минатата година, „Ер Лингус“, некогаш голем загубар на ирската економија, по своето опоравување во два наврати ја одбиваше понудата на ИАГ за преземање, оправдувајќи го тоа со ниската цена за откуп на акциите.

Приватната компанија „Рајан Ер“ од своја страна од 2006 година на трипати се обидуваше целосно да ја преземе некогашната ирска државна авионска компанија. Првичната понуда изнесуваше 2,8 евра за една акција. Две години подоцна понудата беше намалена за 50 отсто, а пред три години таа беше определена на 1,30 евра за една акција на „Ер Лингус“.

Понудата на ИАГ изнесува 2,55 евра за акција, што е над последната понуда на „Рајан Ер“ и над сегашната вредност на акциите на берзите.

Одлуката на владата на Ирска за продвање на акциите во оваа авионска акомпанија, предизвикаа раст на нивната вредност, иако таа се уште е под понудата од ИАГ.

Владини извори во Даблин велат дека Владата ги одбивала сите понуди на „Рајан Ер“, стравувајќи дека оваа приватна компанија ќе ја има доминацијата на патувањата од и за Ирска.

Групацијата ИАГ ветува дека брендот „Ер Лингус“ на што Ирците се посебно горди, нема да биде избришан и авионите и по преземањето, ќе продолжат да летаат под тоа име на сите меѓународни дестинации.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...