ЕУ бара од земјите-членки да примат 40.000 азиланти

Брисел, 27 мај 2015 (МИА) - Европската унија побара од земјите-членки во следните две години да примат 40.000 баратели на азил од Сирија и од Еритреја кои веќе се наоѓаат во Италија и во Грција.

- Ние... имаме предлог за итен механизам за префрлање на 40.000 баратели на азил во други европски земји (членки). Сиријците и Еритрејците ќе бидат префрлени од Италија и од Грција во други земји-членки на ЕУ во период од две години, истакна комесарот за внатрешни работи Димитрис Аврамопулос.

Според податоци на Агенцијата на Обединети нации за бегалци околу 35.000 имигранти од Африка и од Блискиот Исток, кои го поминаа Медитеранот на пат до Европа од почетокот на оваа година, пристигнаа во Италија, а околу 1.800 се удавија.

Вклучително имигрантите кои пристигнаа во Грција, во Шпанија или Малта, вкупниот број на луѓе кои со бродови стигнаа до Европа се искачи на 62.500, од кои една третина се Сиријци, а по десет отсто се од Авганистан и од Еритреја.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...