Данската Либерална партија сама формира малцинска влада

Копенхаген, 27 јуни 2015 (МИА) - Лидерот на данската Либерална партија Венстре, Ларс Локе Расмусен изјави дека ќе формира малцинска влада со министри исклучиво од сопствените редови по неуспешните преговори со антиимиграциската Данска народна партија одржани синоќа. 

Расмусен е избран за премиер, иако неговата партија заврши на третото место со 19,5 отсто од гласовите на изборите одржани минатата недела, зад Социјалдемократите и десничарката Данска народна партија, која забележа раст на поддршката од 12,3 на 21,1 отсто. 

Опозицијата на десниот центар победи на парламентарните избори во Данска, поразувајќи ја коалицијата на левиот центар, предводена од премиерката Хеле Торинг Шмит, која порача дека ќе се повлече од позицијата лидер на Социјалдемократската партија. 

Опозицијата, која ја сочинуваат либералите на Расмусен и Данската народна партија, освоија 90 места во Парламентот, а владата составена само од членови на Либералната партија ќе биде веројатно исклучително слаба во Парламентот со само 34 пратеници од вкупно 179. 

Расмусен, кој беше премиер од 2009 до 2011 година изјави дека својот план за новата влада на кралицата Маргарета Втора ќе ги го претстави утре изутрина.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...