Камерон повика на засилена борба против исламскиот екстремизам

Лондон, 29 јуни 2015 (МИА) - Британскиот премиер Дејвид Камерон денеска повика на посилна борба против исламскиот тероризам по терористичкиот напад на плажа во летувалиште во Тунис, при што беа убиени најмалку 38 лица, меѓу кои голем број британски туристи.

- Покрај нашиот шок и тага, мораме да додадеме уште еден збор – решителност. Непоколеблива решителност. Ќе се заложиме за нашиот начин на живот. Мораме да бидеме силни во заложбите за нашите вредности – мир, демократија, толеранција, слобода. Мораме да бидеме нетолерантни на нетолерантноста – отфрлање на секој чии погледи проштеваат проповед на исламски екстремизам со создавање услови тој да света, пишува Камерон за британски „Дејли телеграф“.

Британскиот премиер повика на акција против онлајн пропагандата за групи како што е Исламската држава, која ја презеде одговорноста за нападот и воедно ја наведе потребата да се зајакнат политичките институции во странство.

- Ние мораме со нив да се справуваме на нивниот извор – во места како што се Сирија, Ирак и Либија, од каде ИД коваат и реализираат завери, наведува Камерон и додава дека изведувањето таков напад за време на светиот месец Рамазан претставува „навреда за сите муслимани ширум светот“.

Инаку, министрите за внатрешни работи од Велика Британија, Франција и Германија денеска ќе го посетат хотелот Риу Империјал Мархаба во Сусу, каде се случија убиствата.

Бројот на британски жртви во Сусу во Тунис би можел да се зголеми на повеќе од 30, бидејќи голем број Британци се сметаат за исчезнати по терористичкиот напад во петокот, иако официјално се смета дека загинале 15 британски туристи, објавува Би-Би-Си.

Тројца Ирци, Белгијанец, Португалец и Германец се исто така убиени кога напаѓачот отвори оган на плажата.

Во меѓувреме, лидерите на северноафриканските земји ги координираат напорите за зајакнување на безбедноста. Туниското Министерство за туризам соопшти дека од 1 јули ќе бидат распоредени 1000 вооружени полицајци, за да се зајакне туристичката полиција, која од сега, по првпат ќе носи оружје. Тие ќе бидат распоредени „во и надвор од хотелите“, на плажите и во туристичките и археолошки знаменитости, соопшти Министерството, дополнувајќи дека ќе бидат затворени околу 80 џамии, кои се сметаат за колевки на екстремизмот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...