Франција и Велика Британија соочени со топлотен бран

Маса врел воздух што се движи од северна Африка во западна Европа донесе невообичаен топло време, додека Франција е следна на редот за уште еден врел ден.

Како што јавува агенцијата Фена, метеоролозите јавија дека јужна Франција може да биде зафатена со температури од над 40 степени Целзиусови, еден ден откако во шпанскиот град Кордоба беа измерени речиси 44 степени Целзиусови.

Владата во Париз воведе вонредни мерки за борба против последиците од топлотниот бран. Тие вклучуваат отворање соби со клима уреди за граѓаните и телефонирање кај луѓето кои можат да бидат посебно чувствителни на врелината, првенствено постарите лица и оние кои не можат да ги напуштат домовите од медицински причини.

Властите предупредија дека температурите можат да ги надминат оние од 2003 година кога илјадници лица починаа - од кои повеќето беа пензионери кои беа оставени сами додека помладите членови од нивните семејства биле на одмор. Владата тогаш беше критикувана заради тоа што не одговори доволно брзо и одлучно и од тогаш е исклучително брза во реакциите штом температурите почнуваат да растат.

По Франција и Обединетото Кралство во среда ќе го почувствува северниот раб од врелата воздушна маса, кога температурите од над 30 степени Целзиусови се очекуваат во Лондон. И Франција и Велика Британија прогласија тревога заради врелиот бран.

Никола Макси од британскиот Метеоролошки завод изјави дека од четврток врелините пополека ќе почнат да попуштаат.

Шпанија и Португалија во понеделникот прогласија предупредувања од жештини, откако ги посоветуваат своите граѓани да преземат вонредни мерки на внимателност додека топлотниот бран минуваше над Иберискиот Полуостров.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...