Москва, 4 јули 2015 (МИА) - Рускиот претседател Владимир Путин оцени синоќа дека Западот не успеал во намерата да го подели руското општество со воведување економски санкции.
Во говорот на состанокот на претседателскиот Совет за безбедност, Путин рече дека Западот сака да ја казни Русија за нејзиниот независен курс.
Путин истакна дека одлуките на ЕУ да ги продолжи санкциите кон Русија до јануари идната година и американските предупредувања за нови мерки, се сигнал дека „не треба да се очекува од геополиитчките противници во догледно време да го ревидираат својот став“.