Специјалните служби на САД ја прислушувале германската Влада и Меркел

Берлин, 4 јули 2015 (МИА) - Специјално одделние на американската Агенција за национална безбедност (НСА) и Централната разузнавачка агенција (ЦИА) ги прислушувало телефонските разговори на германската Влада. За тоа сведочи новиот документ, објавен од организацијата Викиликс, информира ТАСС, повикувајќи се на германскиот дневен весник „Зиддојче цајтунг“.

Именувањето на одделението - Специјална служба за собирање - во протоколите на агенцијата фигурира од 2011 година, а во нив се даваат информации за прислушуван телефонски разговор меѓу шефот на одделот за прашањата на Европската унија во Владата, Николаус Маер-Ландрут, и еден советник на тогашниот француски претседател Никола Саркози.

Германските медиуми во средата, повикувајќи се на податоци од Викиликс, информираа дека НСА долго време го прислушувала не само телефонот на канцеларката Ангела Меркел, туку и на серија министри и други високо позиционирани функционери на германската Влада.

Во врска со новите информации американскиот амбасадор во Германија, Џон Емерсон во четвртокот беше повикан на разговор во Владата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...