Во Германија измерени рекордни 40,3 степени Целзиусови

Германија неколку дена е зафатена од топлотен бран, а вчера во баварскиот град Кицинген измерени се рекордни 40,3 Целзиусови степени, соопшти Германската метеоролошка служба.

Тоа е највисока температура на воздухот забележена во Германија од 1881 година, откако се водат метеоролошки податоци. Досегашниот рекорд беше 40,2 степени.

Како што јави дописникот на МИА од Берлин, уште поголема температура е измерена на Универзитетот во Карлсруе, кој не се смета за официјална мерна станица.

Инаку, покрај во Германија и во Холандија, Велика Британија, Тајланд и Колумбија овој јули се измерени највисоките температури во историјата.

Екстремно топлото време се очекува да продолжи и во наредните три дена кога најзагрозени ќе бидат Германија, Швајцарија и Австрија, по што топлиот бран се очекува да се спушти во Југоисточна Европа.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...