Грција може да го дестабилиизра Балканот

Брисел, 6 јули 2015 (МИА) - Шефот на белгиската дипломатија, Дидие Рејнолдс, денеска предупреди дека кризата во Грција може да предизвика негативни последици на целиот Балкан и да го дестабилизира регионот.

- Се плашам дека ќе има геополитички последици за регионот, рече Рејнолдс за телевизијата РТЛ, потсетувајќи дека Грција е еден од главните инвеститори на Балканот.

- Последици може да има не само за земји, како Македонија или Црна Гора, туку и за Бугарија, доколку се имаат предвид проблемите со стабилноста во таа зона, рече министерот.

Тој додаде дека не верува оти евентуално излегување на Грција од еврозоната ќе доведе до дестабилизација на Европа, но изрази стравување дека во тој случај последиците ќе ги почуствуваат сите европски економии.

Германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд денеска во Париз ќе разговараат за последиците од резултатот на грчкиот референдум, на кој убедливо мнозинство гласачи се изјасни против мерките за штедење кои им ги наметнаа доверителите.

Истовремено, денеска се очекува и одлуката на Европската централна банка дали ќе продолжи со итната финансиска помош за Грција, во која владее тежок недостиг од готови пари, а експертите предупредуваат дека одлуката за прекин на помошта, де факто, ќе доведе до излез на Грција од еврозоната.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...