До осум години затвор за Словаците кои се борат во Украина

Братислава, 6 јули 2015 (МИА) - Словачките државјани, кои како доброволци и платеници заминуваат да се борат во странски воени подрачја, по нивното враќање во татковината ќе бидат осудени на затворска казна од две до осум години.

Ваквите казни се предвидени со предлог-измените во Кривичниот закон, поднесени од словачкиот министер за внатрешни работи Роберт Калињак.

Словачка досега можеше да ги казни своите граѓани ако се борат за странска војска, но не и Словаците кои им се придружуваа на проруските сепаратисти во источниот дел на Украина, бидејќи не станува збор за единици на редовна војска, туку според словачките закони за вооружени групи.

Ако Владата и Парламентот во Братислава ги усвојат измените, тогач на словачките државјани ќе им биде забрането приклучување во паравоени групи на странска територија и вклучување во туѓа војна, без разлика дали за тоа се платени или се мотивирани од идеологија или вера.

Казна од две до осум години затвор им се заканува и на оние Словаци кои индиректно ќе ја поддржуваат туѓата војна, како на пример со регрутирање доброволци, со нејзино пропагирање и со финансирање или обука на словачки граѓани.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...