Британија ја одбележува десетгодишнината од терористичките напади во Лондон

Лондон, 7 јули 2015 (МИА) - Со минута молчење и прошетка на солидарност Британците денеска ја одбележаа десетгодишнината од самоубиствените бомбашки напади во Лондон, во кои загинаа 52, а повредени беа над 700 лица.



Британскиот премиер Дејвид Камерон и градоначалникот на Лондон Борис Џонсон положија венци на споменикот во лондонскиот Хајд Парк, а цвеќе на местата на четирите бомбашки напади положија преживеаните, работници на железницата и итните служби.

Дел од жителите на Лондон, пеш го минаа патот до работните места под слоганот „Да чекориме заедно“, во знак на сеќавање на денот кога пред десет години градската подземна железница е запрена.

Камерон рече дека неодамнешниот масакр на 30 британски туристи во Тунис е потсетник дека „заканата од тероризам и натаму е реална, колку што е смртоносна“.



- Убиството на 30 невини Британци додека летуваа во Тунис, е потсетник на тој факт. Но, ние никогаш нема да бидеме заплашени од тероризмот, порача британскиот премиер.

Билансот на жртвите во нападот во туниското летувалиште Сус е најголема загуба на животи за Британија во еден џихадистички напад од бомбашките напади во Лондон во јули 2005 година.

Четворица британски државјани од пакистанско потекло, се разнесоа во воздух во три воза на лондонското метро и во еден автобус, за време на утринскиот метеж на 7 јули 2005 година. 

Тројца бомбаши-самоубијци активираа бомби во метрото на станиците Алдгејт, Еџвер Роуд и Расел сквер.



Еден час подоцна, четвртиот бомбаш самоубиец активираше експлозивна направа во двокатен автобус на Плоштадот Тависток во близина на Расел сквер.

Безбедносните служби во Велика Британија и натаму се борат со проблемот на радикализацијата која ја откри овој напад, кој не го извршија странски борци, туку четворица британски млади момчиња.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...