Прокурдски демонстрации во Лондон, Берлин и Париз

Москва, 26 јули 2015 (МИА) - Стотици прокурдски демонстранти излегоа на улиците на три европски престолнини, протестирајќи поради воздушните напади на Турција на положбите на курдските бунтовници на северот на Ирак.

Демонстрантите во Велика Британија, Германија и Франција протестираа денеска против турската Влада, со чија одлука да се нападнат положбите на ПКК во северен Ирак, е прекршено примирјето постигнато во 2013, јави „Раша тудеј“.

Во Велика Британија прокурдските демонстранти го блокираа седиштето на Би-Би-Си во Лондон, за време на протестната прошетка, која почна во Даунинг стрит.

Демонстрантите носеа плакати со натписи „Турската влада ја финансира ИД“, „Долу на фашизмот во Турција“, „Ердоган, крвта е во твои раце“ и извикуваа „Би-Би-Си, срам да ви е!“.

Мал број полицајци беа присутни, најмногу на влезот во Би-Би-Си, а протестот помина мирно.

Стотина прокурдски демонстранти протестираа и во германската престолнина, во знак на сеќавање на жртвите од масакрот во Суруч и поддршка на курдите во Турција.

Присуството на полицијата за време на маршот во Берлин беше далеку поголемо отколку во британската престолнина.

Прокурдскиот собир во Франција беше најголем, со околу 2.000 демонстранти кои излегоа на улицит во Париз, за да протестираат против неодамнешните турски воздушни напади врз положби на ПКК на северот на Ирак.

Млади активисти носеа црвени маици со фотографии на жртвите на терористичкиот напад и извикуваа „Ердоган убиец“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...