Медведев ја повика Европа на зачувување на пријателството со Русија

Крањска гора, 26 јули 2015 (МИА) - Рускиот премиер Дмитриј Медведев ги повика денеска европските лидери да сторат се за да го зачуваат пријателството со Русија, јави Танјуг.

Медведев ја почна денеска официјалната посета на Словенија, каде присуствуваше на свеченоста кај Руската капела на планинскиот премин Вршич, на Јулиските Алпи, каде за време на Првата светска војна загинале над 300 руски воени заробеници.

- Самиот факт дека на денешната церемонија се присутни и Словенци и Руси го покажува продолжувањето на пријателството и прекрасната традиција, која го докажува посебниот однос меѓу народите на нашите држави, рече Медведев.

- Политичарите, сите кои носат одлуки во нашите држави, треба да сторат се ова пријателство да продолжи, бидејќи тоа е она што луѓето го сакаат, рече Медведев.

Медведев рече дека соработката меѓу Русија и Словенија се развива, и им заблагодари на „сите пријатели во Словенија“ за „искреното почитување кон руските војници кои овде се погребани“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...