Камерон започнува четиридневна обиколка во Југоисточна Азија

Џакарта, 27 јули 2015 (МИА) – Британскиот премиер Дејвид Камерон денеска започнува четиридневна азиска обиколка, при што ќе ги посети Индонезија, Сингапур, Виетнам и Малезија. Камерон денеска и утре ќе престојува во Индонезија. Најавено е дека Камерон со домаќинот, претседателот на Индонезија Јоко Видодо ќе разговара за зголемување на економската соработка, безбедноста и борбата против исламскиот екстремизам.

Британските и индонезиските медијуми најавуваат дека Камерон доаѓа во Џакарта со пакет предлози според кои двете држави треба да воспостават партнерство во доизградбата и опремувањето на цивилните и воени пристаништа во Индонезија. Велика Британија ќе понуди и логистичка подджка за спречување на ширењето на исламскиот радикализам во Индонезија, која е набројна држава со муслиманска популација во светот.

Ова е прва официјална посета на британскиот премиер на една држава вон Европа по неговиот реизбор во мсј годинава. Во изјава пред доаѓањето во Џакарта Дејвид Камерон рече дека Велика Британија ќе и додели поволен кредит од милијарда фунти на Индонезија, кои ќе бидат дел од овдешните вложувања во инфраструктурата. Индонезија до 2.025 година планира да вложи над 200 милијарди долари во осовременување и доизградба на објектите за сувоземен и поморски и воздушен сообраќај.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...