Германски медиуми: Меркел на одмор на село со сопруготБерлин, 27 јули 2015 (МИА) - Германскиот канцелар Ангела Меркел со сопругот Јоахим Зауер вечерва ќе пристигне во Солд, село со околу 400 жители во Јужен Тирол каде ќе биде на осумдневен одмор, јавуваат германски медиуми.
Меркел како и претходните години, одморот треба да го помине во хотелот Марлет.
Меркел како и милиони Германци, одморот го минува сосем обично, со сопругот, без скапи јахти и богати пријатели.
|