Грушко: НАТО создава нова „железна завеса“ во Европа

Москва, 28 јули 2015 (МИА) - НАТО, користејќи ја украинската криза, создава нова „железна завеса“ во Европа, изјави денеска постојаниот претставник на Русија во Алијансата, Александар Грушко, цитиран од ТАСС. 

Пактот беше создаден во годините на Студената војна со определени цели, пред се за таканереченото „запирање на Советскиот сојуз“, но сега се чувствува многу неудобно во услови на отсуство на противник, рече Грушко.

- Кризата во Украина беше искористена за НАТО да се врати кон своите „корени“  и врз основа на јавното мненние, а пред се во Западна Европа,  да докаже дека НАТО и сега е необходен и дека се занимава со реално зацврстување на безбедност, забележа тој. 

Всушност, под паролата за таканаречаната „опасност од Истокот“ САД „ги притискаат сојузниците да ги зголемат своите расходи за воени цели“, смета дипломатот.

Грушко предупреди дека политичките игри за прашањето за приемот на Украина и Грузија во НАТО кријат опасни геополитички последици за цела Европа.

Според него, приефаќањето на Украина во НАТО ќе ги подели не само Европа, туку и украинското општество, и ќе има катастрофални последици за самата Украина. Тоа ќе создаде и „колосална напрегнатост во меѓународните односи“, посочи уште Грушко.

- Улогата на НАТО во украинската криза е крајно деструктивна. НАТО не ја игра улогата на организација која би помагала во разрешување на проблемот по мирен пат. Таа создава илузија дека се е дозволено, а тоа е крајно опасен пат“, посочи постојан претставник на Русија во оваа организација.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...