Жан-Мари Ле Пен повторно извојува судска победа против ќерка си Марин

Париз, 28 јули 2015 (МИА) - Францускиот суд повторно му даде право на Жан - Мари Ле Пен наспроти Националниот Фронт и неговата ќерка Марин Ле Пен. Судот ја отфрли жалбата на Националниот Фронт на одлуката на судот кој претходно го суспендира вонредниот конгрес на партијата по барање на неговиот основач Жан-Мари Ле Пен, јавува дописникот на МИА од Париз.

Историскиот лидер на партијата, поднесе барање за суспензија на вонредниот конгрес, кој требаше да се одржи виртуелно, односно со гласање преку интернет за измена на статутот на Националниот Фронт, со што се укинуваше функцијата почесен претседател. Оваа функција му припаѓа на Жан-Мари Ле Пен од јануари 2011 година, кога му ја препушти партијата на својата ќерка Марин.

Со денешната одлука, се потврдува таа од судот од Нантер донесена на 8 јули со која Националниот Фронт ќе мора да одржи „физички“ конгрес, ако сака да го смени статутот, односно да го собере членството, кое ќе биде повикано да се изјасни за оддалечување на нивниот историски лидер.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...