„Исламска држава“ врбувала граѓани од над сто држави

Москва, 29 јули 2015 (МИА) - „Исламска држава“ врбувала граѓани во над сто земји, создавајќи долгорочна закана за глобалната безбедност, изјави денеска шефот на руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) Александар Бортников на прес-конференција во Јарослав.

Во изјавата Бортников истакна дека целта на ИД е да создаде глобална мрежа од терористи „спијачи“, кои можат да ја поткопаат безбедноста и територијалниот интегритет на родните земји на врбуваните.

Според шефот на ФСБ, напорите на групата се фокусирани главно врз младите луѓе.

Тој повика исто така за меѓународна соработка за потрага по врбуваните и терористите „спијачи“ на Исламска држава, како и за поткопување на базата, од која таа го црпи своето финансирање.

Конференцијата за безбедност, на чие отворање говореше Бортников, е дводневна и се одржува во градот Јарослав. На неа присуствуваат претставници на специјални служби од над 60 земји.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...