Русија стави вето на судот за соборувањето на малезискиот „Боинг“

Њујорк, 30 јули 2015 (МИА) - Русија синоќа го искористи своето право на вето и го блокираше усвојувањето на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН за формирање на Специјален меѓународен суд, кој би им судел на одговорните за соборувањето на патничкиот авион на „Малезија Ерлајнс“ над источна Украина во јули минатата година. 

При гласањето, „за“ усвојување на резолуцијата, иницирана од Австралија, Белгија, Малезија, Украина и Холандија, се изјаснија 11 земји-членки на Советот за безбедност на ОН, Русија беше „против“, а Ангола, Венецуела и Кина се изјаснија како „воздржани“.

Авионот на „Малезија Ерлајнс“ со 298 патници и членови на екипажот, беше соборен на 17 јули 2014 година, за време на летот од Амстердам до Куала Лумпур. Речиси две третини од загинатите патници во авионот беа Холанѓани. 

Според истрагата, авионот бил соборен со противвоздушна ракета над територијата што е под контрола на проруските сепаратисти во источна Украина. Киев за уривањето на авионот ги обвинува сепаратистите, додека тие и Москва тврдат дека за инцидентот е одговорна украинската армија.  

По гласањето во Советот за безбедност, американската амбасадорка во ОН, Самата Пауер изјави дека руското вето е „скандалозно“, бидејќи со него се блокира обидот „298-те жртви на несреќата да ја добијат правдата“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...