Украинскиот воен пилот Надја Шевченко првпат се појави на судење во Русија

Москва, 30 јули 2015 (МИА) - Украинскиот пилот на воен хеликоптер, Надја Шевченко, која е обвинета во Русија за „помагање при убиството“ на двајца руски новинари во Источна Украина, првпат денеска се појави на судско сослушување.

Нејзините адвокати објаснија дека станува збор за претходна постапка, пред одржувањето на судскиот процес. Шевченко повеќе од една година се наоѓа во притвор, откако во јуни минатата година беше уапсена во Доњецк, во близина на украинската граница.

Таа е обвинета дека како хеликоптерски навигатор дејствувала во Источна Украина, во реонот на воените судири, како набљудувач-локатор кој ги лоцира позициите на теренот, па на тој начин ги определила координатите за локацијата на која со минофрлачи се убиени двајцата новинари.

Адвокатите на Шевченко претходно изјавија дека таа има „цврсто алиби“ затоа што во моментот кога е изведен минофрлачкиот напад, веќе била заробена од припадници на бунтовничките сили.

Доколку на судењето биде докажана нејзината вина, би можело да биде осудена со затворска казна до 25 години.

Адвокатите побараа процесот против неа да не се одвива во Ростов на Дон, во близината на зоната каде се судираат проруските бунтовнички сили и украинската војска, туку во Москва, но засега нема навестување дека властите ќе го прифатат тоа барање.

Случајот на Надја Шевченко, која властите во Киев ја третираат како „национален херој“ предизвика дополнителни тензии во и онака длабоко нарушените украинско-руски односи.

Во Украина се тврди дека таа е „грабната и одведена“ во Русија, додека руските власти инсистираат дека Шевченко „илегално ја поминала границата“ преправајќи се дека е бегалец.

Во еден период минатата година и на почетокот од оваа, преку своите адвокати, таа порачуваше дека ќе штрајкува со глад. Намерата веројатно беше да се издејствува ослободување врз хуманитарна основа, но сепак, се откажа од таа идеја и сега очекува да се соочи со рускиот суд.

На денешното судско сослушување, дипломати од САД, Велика Британија и неколку други западни земји, побараа да присуствуваат како посматрачи, но руските власти не им дозволија присуство во судницата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...