Украина најави нов обид за формирање суд за уривањето на малезискиот авион

Киев, 31 јули 2015 (МИА) - Украинскиот министер за надворешни работи Павло Климкин најави дека Украина ќе иницира нова резолуција во Советот за безбедност на ОН за формирање на меѓународен трибунал за судење на одговорните за уривањето на авионот на „Малезија Ерлајнс“ над исторчниот дел на земјата во 2014 година.

Претходната иницијатива за формирање на ваков суд пропадна, откако во средата Русија стави вето на предложената резолуција во Советот за безбедност на ОН.

Својата одлука Москва ја образложи со ставот дека формирањето на овој суд е „прерано и ненавремено“, бидејќи резултатите од истрагата за падот на авионот се очекува да бидат готови најрано во октомври.

Според Климкин, формирањето на ваков суд е „најдобро решение од политичка и правна гледна точка“, бидејќи тој би бил целосно одговорен, транспарентен и независен.

- Не планираме да се откажеме. По два месеци ќе имаме конечен извештај и ќе се обидеме повторно (да се формира суд), со сите форми на поддршка од меѓународната заедница, нагласи Климкин. 

Русија засега не ја коментираше најавта на Климкин.

Авионот на „Малезија Ерлајнс“ со 298 патници и членови на екипажот, беше соборен на 17 јули 2014 година, за време на летот од Амстердам до Куала Лумпур. Речиси две третини од загинатите патници во авионот беа Холанѓани.

Според првичните резултати од истрагата, авионот бил соборен со противвоздушна ракета над територијата што е под контрола на проруските сепаратисти во источна Украина. Киев за уривањето на авионот ги обвинува сепаратистите, додека тие и Москва тврдат дека за инцидентот е одговорна украинската армија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...