Украинскиот претседател Петро Порошенко во изјава за РФИ го обвини рускиот претседател Владимир Путин дека ја сака „цела Европа“, оценувајќи дека е можна агресија на Русија врз Финска и балтички држави.
- Путин ќе оди онолку далеку колку што ќе му се одобри. Тој ја сака цела Европа, изјави Порошенко.
Тој додаде дека со анексијата на Крим и агресијата на исток во Украина, Путин го разбил меѓунардониот безбедносен систем.
- Дали е можа агресија врз Финска? Да. Финска е добро свесна за тоа. Агресијата на балтички држави, дали е можна? Сигурно. Агресијата на просторот на Црно Море дали е можна? Да, предупредува Порошенко.
Тој вели дека Украинците кои се борат на исток во државата се борат за демократија. слобода и безбедност на европскиот континент.