Над 2.370 имигранти загинале во Средоземното Море од почетокот на годината

Женева, 25 август 2015 (МИА) - Над 2.370 имигранти загинаа во Средоземното Море од почетокот на годината, соопшти денеска Меѓународната организација за миграција.

Најголем дел од нив животите ги загубиле на т.н. централна маршрута - од Северна Африка кон Малта и Италија.

Кон Турција и Грција загинале 83 мигранти, а кон Шпанија и Канарските Острови, 23.

Во истиот период лани во Средоземното Море загинаа 2.081 имигрант.

Од почетокот на годината во Европа дошле 267.121 имигрант. Најголем дел од нив пристигнале во Грција (157.228). Најголем дел од пристигнатите во Грција се Сиријци (88.204) и Авганистанци (32.414), а во Италија - Еритрејци (25.657) и Нигеријци (11.899).

Бродовите и авионите од европската патролна мисија Тритон спасиле 3.400 имигранти крај бреговите на Либија само во изминатата недела.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...