Активисти од Русија, Авганистан и Балканот номинирани за наградата „Вацлав Хавел“ за 2015 година

Стразбур, 26 август 2015 (МИА) - Руската активистка Људмила Алексеева, авганистанската организација „Жени за авганистанските жени“ и организацијата „Балканска младинска иницијатива“ се номинирани за престижната награда „Вацлав Хавел“ за 2015 година, објави прес-службата на Парламентарното собрание на Советот на Европа. 

Лауреатот на наградата ќе биде одреден на 28 септември, денот кога се отвора есенската сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа. 

Наградата со името на покојниот чешки претседател Вацлав Хавел се доделува еднаш годишно и има парична награда од 60.000 евра. Таа се доделува на личности и организации, кои се борат за заштита на човековите права низ светот. Наградата се доделува од 1977 година. 

Људмила Алексеева (88) е истакната руска активистка за човекови права и еден од основачите на Хелсиншкиот комитет во Москва. Таа принудно имигрира во САД во 1977 година и се враќа во Русија во 1989 година. 

Организацијата за заштита на човековите права „Жени за авганистански жени“ е една од главите организации во Авганистан. Таа поддржува центри за заштита на жени и девојчиња во 11 авганистански провинции и помага на жените и девојчињата, кои се жртви на насилство.

 Невладината организација „Младинска иницијатива за човекови права“ прави напори за воспоставување на врски меѓу младите на Балканот и за заштита на жртвите на кршењето на човековите права.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...