Затворање на Шенген зоната заради бегалската криза

Чешкиот претседател Милош Земан и министерот за финансии Андреј Бабиш изјавија дека надворешните граници на Шенген зоната мора да бидат веднаш затворени за да се одбрани територијата пред приливот на бегалци, јави дописникот на МИА од Прага.

Според Бабиш за решавање на проблемот треба да се вклучи НАТО, додека Земан потсети на неговиот претходен предлог за создавање на европска армија, сметајќи дека организацијата ,,Фронтекс" не е доволна за заштита на европските граници.
- Јас мислам дека основниот недостаток на Европската унија е недостаток на волја за остварување на заедничка одбрана на границите на Унијата. И покрај тоа што Република Чешка и понуди помош и на Италија и Грција, помошта не беше реализирана, рече Земан.
Во врска со тековната бегалска криза на состанокот со чешките дипломати во Прага, зборуваше и Штефан Филе, поранешен европски комесар за проширување на ЕУ.
- Јас не слушнав точно како кажа претседателот, но мислам дека постојат недоразбирања. ,,ФРОНТЕКС" е агенција на Европската унија, но, секако, не е задолжена за заштита на границите на Унијата. Според договорите кои ги имаат склучено земјите-членки, токму тие самите се одговорни за заштита на надворешните граници на својата територија ", објасни Филе.
- Кога ќе погледнете на картата, Шенгенот има чуден изглед. Таму е осамената Грција, а следна граница е Унгарија.  Прашањето е дали македонската или бугарската Армија нема  потреба од помош од НАТО, рече Бабиш.
Според него, ако надзорот на надворешните граници на Шенген зоната не можат да го совладаат периферните земји, тоа мора да биде договорено на највисоко ниво.
- Бабиш смета дека ЕУ во тие земји од каде доаѓаат бегалците, треба да каже дека не може да прими десет милиони бегалци од целиот свет.

- Мора да каже: Не може да доаѓате кај нас, да бидете невработени и да примате веднаш социјална помош, додаде Бабиш, кој оцени дека треба да се изгради голем бегалски логор, а потоа да се поделат оние на кои навистина им е потребна помош, особено мајките и децата и економските бегалцина друга страна.
- Не можете да затворите нешто, каде што нема врати. Границите денес се порозни, а не заградени со жици како за време на Студената војна. Денес, заштитата на територијалниот интегритет зависи не само од обезбедување на границите, но исто така и од тоа како властите и безбедносните сили се справуваат со ситуацијата во самите земји на ЕУ, подвлече Филе.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...