Една милијарда евра за сообраќајната мрежа на Западен Балкан

Европската комисија е подготвена да обезбеди износ од една милијарда евра до 2020 година за финансирање на регионалната сообраќајна мрежа со коридори во земјите од Западен Балкан, истакнаа шефовите на германската и австриската дипломатија, Франк-Валтер Штајнмаер и Себастијан Курц.

Тие, во заеднички авторски текст за белградскиот весник „Данас“, наведуваат дека тоа ќе им овозможи на земјите од Западен Балкан да бидат подобро поврзани меѓусебно, но и со ЕУ.

Двајцата дипломати во авторскиот текст по повод Самитот за Западен Балкан, кој се одржува во Виена, оценуваат дека и покрај суштинскиот напредок, стабилноста во овој регион и понатаму е на „стаклени нозе“ и многу зависи од Унијата.
Тие додаваат дека на Конференцијата посебно ќе биде истакнат фактот дека патот преку Западен Балкан е приоритетна рута на се поголем број бегалци кои бараат азил во Европа.

- Ќе расправаме во Виена како ЕУ и како државите поединечно може да дадат поддршка за државите од Западен Балкан во нивните настојувања да се подобри управувањето со границите како и системот за азил, наведуваат Штајнмаер и Курц.

- На 27 август ќе ја обновиме својата цврста приврзаност кон европската перспектива на сите држави од тој регион, изразувајќи суштинска поддршка за Западен Балкан, велат шефовите на дипломатиите на Австрија и на Германија.

Според нив, вратата на ЕУ мора да остане отворена за регионот за да се обезбеди Унијата да остане најуспешен проект за зачувување на мирот во целиот свет.

- ЕУ без Западен Балкан не е целосна. Уверени сме дека Виенскиот самит како продолжение на Берлинскиот процес ќе придонесе за постигнување неизменета цел за сите држави од Западен Балкан. Австрија и Германија со цела сила ќе ги поддржат сите напори насочени кон тоа, заклучуваат двајцата министри во авторскиот текст за белградскиот весник.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...