Австрија: Во камион најдени 50 безживотни тела на бегалци

Во напуштен камион во Австрија биле најдени околу 50 безживотни тела на бегалци.

Додека во Виена се одржува Самитот за Западен Балкан, каде во фокусот се токму прашањата за мигрантите и бегалската криза со која што се соочува ЕУ, во земјата во напуштен камион биле пронајдени 50 безживотни тела на бегалци.

Мигрантите починале од задушување

Според првичните сознанија мигрантите починале од задушување. Австриската полиција го потврди инцидентот и посочи дека во камионот имало од 20 до 50 тела, само ако се земе предвид големината на камионот. Според полицијата смртта на бегалците преставува ужасен криминален чин.

Првичните проценки покажуваат дека мигрантите се починати веќе подолго време, поради што телата биле веќе во фаза на распаѓање.

„Црн ден“ за Австрија



Министерката за внатрешни работи на Австрија Микл Лаитнер за новинарите изјави дека тоа е „црн ден“ и дека нивните мисли биле со жртвите и нивните семејства.

Трагедијата уште еднаш ја подвлекува потребата од заеднички политики во ЕУ за заштита на мигрантите и борба против трговците со луѓе, рече таа, пренесува Би Би Си.

Камионот е со унгарски регистарски ознаки

Напуштениот камион имал унгарски регистарски ознаки, а бил паркиран во источниот дел на Австрија, односно во близина на градот Парндорф. Според сознанијата камионот бил паркиран таму вчера, но властите го пронашле дури во текот на изутринава.

Портпаролот на унгарската влада Јанош Лазар, на конференција за новинари изјави дека жртвите, најверојатно патувале кон некоја од западните држави со помош на Унгарци.

Портпаролот нагласи дека австриската и унгарската полиција работат заедно за откривање на одговорните за трегедијата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...