Путин: Недостигот на компромис е причина за тензичната ситуација во светот

Главната причина за тензичната и комплицирана ситуација во светот е недостигот на компромис, изјави рускиот претседател Владимир Путин во интервју за агенциите ТАСС и Ксинхуа.

Тој наведе дека процесот на формирање на нов полицентричен модел на светскиот поредок проследен е со растот на нестабилност, како на регионално, така и на глобално ниво.

- Во такви услови руско-кинеската соработка е од посебно значење за зачувување и зајакнување на меѓународната и регионалната стабилност и безбедност во изнаоѓање за ефикасни одговори на глобалните предизвици. Руско-кинеските односи денес можеби достигнаа највисоко ниво во целата своја историја и продолжуваат постепено да се развиваат, истакна Путин.

Тој додаде дека основа на партнерството меѓу Русија и Кина е „чувството на искрено пријателство и симпатијата на нашите народи, длабоката взаемна доверба и почитување, со задржување на клучните интереси на едните и другите и заинтересираноста за просперитетот на двете земји“.

Путин ја потенцира заедничката работа на Русија и на Кина во Обединетите нации, во Групата 12, како и во БРИКС и Шангајската организација за соработка. Тој додаде и дека руско-кинеските односи имале важна улога во отстранувањето на хемиското оружје од Сирија и за постигнувањето на Договорот за иранската нуклеарна програма.

- Русија и Кина се приоритетни партнери во промоција на принципот на изградба на архитектурата на безбедност и соработка во Азиско-пацифичкиот регион, во јакнењето на довербата во активностите во вселената и обезбедување на меѓународната информатичка безбедност, истакна Путин.

Тој наведе и дека Кина е клучен економски партнер на Русија.

- Санкциите кои поединечни западни земји ги воведоа кон Русија немаат негативно влијание на руско-кинеската соработка. Напротив тие го поттикнуваат домашниот бизнис на развој на одржливи економски односи со Кина, потенцира Путин.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...