Во 2014 година во Франција се родиле 818.000 бебиња

Париз, 1 септември 2015 (МИА) - Во текот на 2014 година во Франција се родени над 818.000 бебиња, бројка која станува стабилна во однос на претходната година и која останува и натаму висока, над 800.000 бебиња во последните десет години, јави дописникот на МИА од Париз.

Овие податоци ги изнесе Националниот инсититут за статистички и економски студии (ИНСЕЕ). Според истите лани се родиле точно 818. 565, од кои на контненталниот дел на Франција 781.167.

Од статистиките се гледа дека бројот на родените деца од родители, кои не се во брак се зголемува на 57,4 отсто од сите родени деца.

Во однос на лани нивниот број е за еден поен повеќе, а од 2007 година досега вонбрачните деца се побројни.

ИНСЕЕ исто така забележува дека по реформата на законот, со кој се дозволува децата да го избираат презимето на мајката или таткото, 83,1 отсто го носат презимето на таткото, 6,5 отсто на мајката и 10,2 отсто на двајцата родители.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...