СЕ: Европскиот систем за азил е во колапс поради политички причини

Стразбур, 2 септември 2015 (МИА) –  Европската унија мора да им помогне на државите од Западен Балкан да развијат сопствени системи за азил и капацитети за прифаќање бегалци согласно европските стандарди, наведува Нилс Муижниекс, комесар на Советот на Европа за човекови права.

Тој истакна дека европскиот систем за азил покажал свои слабости, а причините за колапсот на системот се политички.

– Вистинскиот проблем не е доаѓањето на бегалците туку нередот и хистеричната реакција на тоа. На дело е политичка криза, повеќе отколку бегалска криза. За да сочуваме европска солидарност и почитување на човекови права, мора да го преиспитаме својот пристап кон миграцијата, истакна комесарот на СЕ.

Муижниекс наведе дека според податоци од УНХЦР оваа година во ЕУ се поднесени повеќе од 430.000 барања за азил од кои 40 отсто во Германија, додека Унгарија примила една четвртина од преостанатите барања.

– Тоа значи дека останатите 26 држави од ЕУ се занимаваат со решавање на 180.000 барања за азил што не е епски напор. И понатаму сме далеку од притисок со кој се соочуваат помалку богати и стабилни држави како Пакистан, Либан и Етиопија или Турција која е дом за околу два милиона бегалци од Сирија, нагласи тој.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...