ВОЗНЕМИРУВАЧКА СОДРЖИНА

Најтажна фотографија го потресе светот: Ова детенце не ја здогледа слободата

Сите светски медиуми беа преплавени со фотографиите и приказната за детенцето кое е пронајдено мртво на плажа во турското летувалиште Бодрум,

Според првите информации се верува дека сириски бегалци се удавиле во обид да стигнат до грчкиот остров Кос. Меѓу нив биле и братчињата, Галип стар 5 години и две години помалиот Алјан Курди.

Сликите од безживотното тело на малиот Ајлан стојат како доказ за трагедијата на човештвото, но и човечноста во хуманитарната криза која светот долго време не ја видел. Со ознаката „човечноста исфрлена на брегот“ корисниците на Twitter ја споделуваат оваа потресна фотографија.

Роднините на ова детенце кое бегало од Сирија се во шок по целата трагедија која што се случи во Егејското море во која загинаа 12 бегалци. Меѓу смртно настраданите се пет деца и една жена. Седум лица се спасени, а две до брегот успеале да допливаат благодарејќи на појаси за спасување. Припадниците на турската крајбрежна стража велат дека шансите да бидеа спасени уште две лица кои се сметаат за исчезнати се сé помали.

Двете братчиња заедно со својата мајка Рехан се удавиле вчера. Нивниот татко Абдулах преживеал и тој се наоѓа во агонија откако на турската плажа беше пронајдено целото негово семејство.

Инаку овие неколку месеци повеќе од десетици илјади Сиријци кои бегаат од конфликтот кој повеќе од четири години ја разорува нивната татковина, особено ова лето се упатуваат кон егејскиот брег на Турција се со несигурни бродови се обидуваат да стасаат од грчките острови кои се нивната порта кон Европската унија.

Само во минатиот месец Германија регистрира рекордни 104.460 нови барања за азил, соопштија вчера надлежните во Баварија наведувајќи дека се работи за досега најголем бран на бегалци и емигранти во таа земја.

Според информациите илјадници бегалци се имаат удавено во Медитеранот и уште многу други додека патувале низ Балканот и западна Европа, вклучувајќи ги и 71-от бегалец кои беа најдени задушени во камион во Австрија минатата недела.

Во интервју за телевизија „Евроњуз“ Јоханес Хан нагласи дека бегалците не се проблем на Балканот, туку на цела Европа!

Земјите од Западен Балкан се само транзитна територија, нагласи тој, додавајќи дека ЕУ им дала соодветна помош, доделувајќи по 1,5 милиони евра дополнителни средства на Србија и Македонија за обезбедување на привремено прибежиште на мигрантите. Бројот на бегалци, што стигнале до Централна и Западна Европа преку Балканот, е зголемен за најмалку шест пати од јуни.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...