Мајката на удавените момчиња: Несакам да одам, се плашам од водата

Несакам да одам, се плашам од водата. Незнам да пливам… Ова биле последните зборови на мајката на двете сириски момчиња, која заедно со нив го загуби животот во трагедијаташто се случи на брегот на турското летувалиште Бодрум, пренесува Дејли меил.

Тетката на двете сириски момчиња што се удавија во Егејското Море, за медиумите открива дека мајката на децата несакала воопшто да оди во Кос и оти незнаела да плива. Тима Курди, сестрата на таткото на децата Абдула Курди, во Ванкувер каде живее и работи, одржа потресна прес конференција, на која со јавноста ги сподели последните мигови од трагичната приказна на сириското семејство, чија судбина деновиве го потресе светот. Тима се надевала дека ќе успее да го повлече семејството во Канада, но кандските власти го одбиле нивното барање за азил. Неговата сопруга, пред една недела ми рече:

„Несакам да одам, се плашам од водата. Незнам да пливам, ако нешто се случи… Несакам да одам“ , раскажува Тима пред медиумите и додава дека најверојатно семејството сепак одлучило дека ќе одат сите заедно. Низ солзи, Тима вели дека двете дечиња воопшто не виделе добро во животот, а дека нејзината снаа била премногу млада за да умре. Таа го моли нејзиниот брат Абдула да не се враќа во разореното Кобане во Сирија за да го погреба семејството.

Се плашам, навистина се плашам. Загрижена сум за него и го молев да не се враќа во Кобане. Но тој несака да прифати. Навистина сум загрижена за неговата безбедност, посебно по ова што се случи и затоа што целиот свет гледа… Се што сакам е тој да биде на безбедно, вели Тима.

Тима, односно Фатима изјавила дека нејзиниот брат Абдула рекол дека Турција не е негова држава и дека се што сака да направи е да се врати во Кобане. Како што вели таа, тој рекол дека не сака ништо повеќе.

Само сакам да ги погребам децата и да седам покрај нив додека не умрам, рекол Абдула.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...