Минхен со исполнет капацитет за прифат на бегалци

Минхен, 13 септември 2015 (МИА) - Минхен речиси целосно ги исцрпе своите капацитети за прифат на бегалците, кои масовно пристигнуваат во Германија, предупреди денеска локалната полиција, еден ден откако во овој град на југ од земјата пристигнаа дури 12.200 бегалци.

-Во саботата ни пристигнаа вкупно 12.200 бегалци, а и денеска ги очекуваме во голем број. Имајќи ги во предвид вчерашните бројки, многу е јасно дека сме дојдени до самите граници на нашите капацитети, изјави портпаролот на полицијата, Симон Хегенвалд, пренесе Танјуг.

Хегенвалд додаде дека на главната железничка станица во Минхен утринава веќе пристигнале повеќе од 700 лица, а полицијата засега не сака да изнесува проценки за тоа уште колку можат да пристигнат до крајот на денот.

Минхенските власти поставуваат шатори за сместување на бегалците, но предупредуваат дека нивните капацитети за прифат на луѓе кои, преку Австрија, пристигнуваат од Унгарија се речиси целосно исцрпени. Покрај тоа, властите на баварската престолнина ги повикаа другите делови од Германија да им помогнат и да примат повеќе бегалци.

-Планираме денеска да организираме три специјална железнички композиции со кои бегалците ќе бидат префрлени во другите германски градови, рече Хегенвалд.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...