Германската Влада усвои нов концепт за згрижување на бегалците

Берлин, 7 октомври 2015 (МИА) - Германската Влада денеска усвои нов концепт за згрижување на бегалците и за политички координатор го именува шефот на Канцеларската служба Петер Алтмаер, додека оперативните, стручни, организациски, правни и финансиски аспекти на бегалската криза и натаму се во рацете на Министерството за внатрешни работи, пренесуваат германските медиуми.

Министерот за внатрешни работи Томас де Мезиер новиот концепт го оцени како напредок.

-Со денешниот нов концепт на Владата направен е еден натамошен важен чекор за и организациски да се излезе на крај со предизвиците во врска со големиот број бегалци, рече Де Мезиер, пренесоа германските медиуми кои вчера, најавувајќи го концептот, пишаа дека тоа, всушност, е шлаканица за де Мезиер.

„Веќе со недели владее хаос за бегалското прашање и сега на Ангела Меркел и е доста од тоа. Вкупната координација мора да биде поврзана во Канцеларската служба. Тоа е шлаканица за министерот за внатрешни работи“', објави политичкиот магазин „Шпигел“', со фотографијата на Мркел и Де Мезиер.

Печатот пишува дека канцеларијата на Алтмаер и натаму ќе биде во надлежност на министерот, но под водство на Канцеларската служба.

„Помошта за бегалците во Германија делува лошо организирана и од сите страни пристигнуваат критики. Сега пристигнува ново преструктурирање, а предводничката улога е на Канцеларската служба. Меркел сака нејзините најблиски луѓе да имаат одговорност...“, пишува германскиот печат.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...