Полска нема да прима бегалци кои не ги поминале контролите на надворешните граници на ЕУ

Варшава, 8 октомври 2015 (МИА) - Полска нема да прифаќа бегалци кои не ја минале проверката во специјализираните центри на надворешните граници на Европската унија, изјави денеска заменик министерот за надворешни работи Рафал Тшасковски, цитиран од ТАСС.

Тшасковски предупреди дека доколку овие центри не бидат активирани земјата нема да прими мигранти од други држави членки на ЕУ.

-Во процесот на сместување само луѓе со потврден идентитет и претходна можност за добивање статус на бегалец ќе бидат земани предвид, рече Тшасковски.

Тој ја увери домашната јавност дека „во Полска нема да дојде ниту еден нелегален имигрант“.

Предвидено е центрите за прием на бегалци на надворешните граници на ЕУ да проработат до крајот на ноември.

Во текот на летото Полска изрази подготвеност да прими 2.000 бегалци како одговор на мигрантската криза во Европа. Во септември, по консултациите со Европската комисија, таа се согласи да прими уште 5.000 или вкупно 7.000 лица.

Минатата недела полскиот министер за надворешни работи Гжегож Схетина јасно даде до знаење дека неговата земја веќе нема да прима бегалци.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...