Москва: Не треба да се плашат оние кои не се поврзани со ИД

Москва, 8 октомври 2015 (МИА) - Оние кои во Сирија не се поврзани со терористите и не ги поддржуваат не треба да се плашат од руските воздушни напади, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

- Сакам уште еднаш да повторам - руските воздухопловни-вселенски сили во Сирија вршат напади исклучиво против претставници на меѓународниот тероризам и оние кои им помагаат. Оние, кои не се терористи, не им помагаат и не ги координираат своите потези со терористичките организации, нема од што да се плашат, истакна Захарова.

Таа нагласи дека сите активности на Русија во Сирија имаат една главна цел, а тоа е помагање на политичкото решение.

- Без тоа не е можно да се обнови единството и суверенитетот на оваа земја на цела територија, да гарантира стабилност и соживот на сите етнички и конфесионални групи, додаде портапролката на руското МНР.

Захарова, исто така, истакна дека официјална Москва воочува позитивна динамика во воените контаки меѓу Русија и САД, како и дека е против прекин на „комуникацискиот канал“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...