Варшава и Вашингтон договорија отворање бази во Полска

Варшава, 9 октомври 2015 (МИА) - Полска и САД потпишаа договор за создавање бази на полска територија во кои ќе биде „стационирана американска воена техника“, соопшти синоќа полското Министерство за одбрана.

Како што јави ТАСС, со договорот, кој е склучен на ниво на владите на двете земји, се превидува Полска за стационирање на американска техника да ги отстапи воздухопловната база во Лакс, центарот за пешадиска обука во Дравско Поморские и воени комплекси во Сквежина, Чеханово и Хушча.

- Овие објекти ќе се користат за извршување заеднички одбранбени цели, се наведува во соопштението.

Договорот им овозможува на САД од својот буџет да издвојат средства за развој на неопходната инфрастуктура, но и да распоредат свои вооружени сили на територијата на Полска.   

- Договорот исто така овозможува создавање на база со американска опрема на територијата на нашата држава, со што ќе се засили присуството на нашите сојузници и ќе се зголеми нивото на безбедност, како на Полска, така и на целиот регион, се додава во соопштението на полското Министерство.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...