Првата група бегалци од Италија префрлени во Шведска

Рим, 9 октомври 2015 (МИА) - Група од 20 Еритрејци, ја напуштија денеска Италија, за да почнат нов живот во Шведска, што е првиот случај на префрлање на бегалците од една земја-членка на ЕУ во друга, според новиот план на Унијата за прераспределба на бегалците.

Според планот, во сите членки на ЕУ треба да се прераспределат околу 120.000 лица, кои сега престојуваат во Италија и Грција.

Планот за раселување на бегалците од овие две земји, беше договорен минатиот месец.

Дваесетмината млади бегалци од Еритреја, беа префрлени во Шведска со специјален авион на италијанската полиција.

Италија и Грција се најпогодени со бегалската криза и напливот на бегалци и мигранти од Блискиот Исток, Африка и Азија.

Само во еден ден, оваа недела, околу две илјади лица, дојдоа до бреговите на Италија преминувајќи го Медитеранот.

Европските министри за внатрешни работи, се договорија вчера околу забрзаната депортација на сите кои не добиле или нема да добијат азил. Министрите се заложија и за зголемување на ефикасноста во процесот на реадмисија со земјите, кои не се дел од Европската Унија.

Германија и Австрија одлучија да испратат свои екипи во Грција и Италија за да им помагаат на тамошните имиграциски власти, околу регистрирањето и разместувањето на бегалците и депортацијата на оние кои не ќе може да останат во ЕУ.

Засега, азил им се дава на бегалците од Сирија, Ирак и Еритреја, додека дојденците од другите земји од Азија и Африка се третираат како економски мигранти.

Минатата година, во сите 28 земји од ЕУ имало 500.000 илегални имигранти, кои сега ќе треба да се враќаат во земјите од каде потекнуваат, но само 40 отсто од нив досега се определени за депортација.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...