Шкотланѓанка излекувана од ебола одново вратена во изолација

Лондон, 9 октомври 2015 (МИА) - Медицинската сестра од Глазгов, Полин Каферки (39), која минатата година заболе од ебола за време на престојот во Сиера Леоне, одново е ставена во изолација во лондонската болница „Ројал Фри Хоспитл“, откако кај неа се забележани „невообичаени задоцнети компликации“.

Здравствените власти во Шкотска потврдија дека кај Каферки е регистриран вирус, но се смета дека тој останал од првата оригинална инфекција.

Шкотските лекари веруваат дека таа не е заразена.

На почетокот од оваа година, Шкотланѓанката беше лекувана, откако заболе од ебола во декември 2014 година. Таа помина еден месец во строга изолација се до нејзиното излекување.

Во вторникот, таа се пожалила дека не се чувствува добро и била примена во болницата во Глазгов, на одделението за инфективни болести.

Рано утринава, таа е префрлена во Лондон, кога лекарите кај неа откриле појава на „невообичаени компликации“.

Претставник на лондонската болница изјави дека верува оти компликациите се последица на претходната инфекција со ебола.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...