Во експлозиите во Анкара загинаа најмалку 86 луѓе

Бројот на жртвите од нападот за време на мировниот марш во Анкара се искачи на 86 лица, изјави денеска турскиот министер за здравство Мехмет Мјуезуноглу.

Тој посочи дека во нападот повредени се 186 луѓе, од кои 28 се во критична здравствена состојба.

Турската прокурдска Демократска партија на народите (ХДП) соопшти дека нејзините членови биле мета на денешниот двоен самоубиствен напад во Анкара.



Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган остро го осуди нападот во Анкара наведувајќи оти нападот е насочен против мирот и единството на земјата и апелира за „солидарност и одлучност како најправилен одговор на теророт“.

- Остро го осудувам гнасниот напад врз нашата земја. Најправилен одговор на таквата појава на тероризам ќе биде да ја покажеме нашата солидарност. Нашата држава и сите институции работат на случјот. Убеден сум дека виновниците ќе бидат откриени и изведени пред суд во најкраток рок, се наведува во соопштението од кабинетот на Ердоган.

Мировниот марш беше организиран во знак на протест поради судирите меѓи државата и курдските милитанти во југоисточна Турција, во Анкара одекнаа две експолозии. Екслозиите се случија во близина на главната железничка станица. Истражен тим смета дека за експлозиите одговорен е бомбаш-самоубиец.

Во меѓувреме, генералниот секретар на Советот на Европа Торбјорн Јагланд го осуди нападот кој се случи утрово во Анкара

- Утринските вести од Анкара се шокирачки и вознемирувачки. Тоа што се случи е суров и варварски напад на мирните демонстранти. Сакам да изразам сочуство за сите кои изгубиле пријатели и сакани во нападот. Слободата на собирање и слободата на изразување се основните столбови на дмеократијата, истакна Јагланд.



Рускиот претседател Владимир Путин испрати телеграма со сочувство до Ердоган поради жртвите во Анкара. Путин изрази подготвеност за соработка со Турција во борбата против тероризамот.

И високата претставничка на Европската унија за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини и комесарот за соседска политика и преговори за проширувањето Јоханес Јан денеска испратија телеграми со сочувство и солидарност до Турција и повикаа на единство во борбата против тероризмот.

Тие нагласија дека турскиот народ и политичките сили мора да останат обединети против сите оние кои се обидуваат дополнително да ја дестабилизираат земјата која се соочува со мнопгу закани.

Се уште никој не презел одговорност за нападот, а курдските бунтовници ги обвинија турските безбедносни служби дека ги подметнале бомбите, со цел да воведат политика на цврста рака пред парламентарните избори закажани на 1. ноември.

Неколку часа по нападот Курдската работничка партија (ПКК) апелираше до своите борци да ги запрат сите акции освен во случај кога ќе бидат нападнати.

Политичкото крило на ПКК - Сојуз на курдски општини наведе дека припадниците на ПКК треба да се воздржат со секакви акции кои би можеле да ги нарушат претстојните парламентарни избори во Турција, што се закажани на 1. ноември.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...