Можеме да разговараме со Асад

Луксембург, 12 октомври 2015 (МИА) - Високата претставничка на Европската унија за надворешна политика и безбедност Федерика Могерин денеска во Лукесмбург изјави дека не ја отфрла можноста за директни преговори на претставници на ЕУ со режимот на Башар ал Асад со цел да заврши војната во Сирија.

Досегашниот официјален став на ЕУ беше дека со Асад не треба да се преговара и оти неговото заминување од власт е неопходен услов за завршување на граѓанската војна во Сирија.

- Треба да се биде реален: Асад се уште седи во Дамаск, а Исламска држава ја проширува територијата, посочи Могерини, додавајќи оти министерскиот совет на ЕУ денеска се согласи сите политички фактори кои би можеле да влијаат на ситуацијата во Сирија, вклучително и Асад, треба да се вклучат во политичкиот процес за ставање крај на насилството.

Могерини истакна дека руската воздушна интервенција во Сирија, не е насочена само врз ИД и другите терористички организации, туку и врз умерената опозиција, и е „опасна и загрижувачка“. Таа ја повика Москва да се ангажира во изнаоѓање на политичко решение.

- Русија може да игра важна конструктивна улога и подготвени сме да се ангажираме за тоа, потенцира Могерини.

Шефовите на дипломатијата на земјите-членки на ЕУ на денешниот состанок во Луксембург ја осудија руската воздушна интервенција во Сирија.

- Неодманешните руски напади кои не се насочени само кон Исламска држава и другите терористички групи од листата на Обединети нации, туку и врз умерената опозиција, предизвикаа длабока вознемиреност и веднаш треба да престанат, се наведува во заклучоците од седницата на министерскиот совет.

Министрите ги повикаа  сите сириски политички фактори, вклучително и претставници на Владата на Башар ал Асад да се согласат на дијалог и со помош на ОН да изнајдат политичко решение за запирање на војната, во која досега загинаа 250.000 луѓе, а над 11 милиони се раселени.

Во соопштението остро се осудуваат нападите врз цивилите и уништувањето на светското културно наследство од страна на терористите од ИД.

Министрите на ЕУ, исто така, најавија зголемување на европските хуманитарни донации за бегалците во Турција, во Либан и во Јордан.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...