Конференција за слобoдата на изразување во Стразбур

Стразбур, 13 октомври 2015 (МИА) - Околу 300 учесници се поканети на дводневната конференцијата во Стразбур на која разговараат за сериозните импликации за слободата на изразување по неодамнешните настани како што се убиствата на новинари на Шарли Ебдо, извршени во Париз во јануари, но и воопшто за слободата за изразување.

Адвокатот на весникот Шарли Ебдо, Ричард Малка, е еден од говорниците, заедно со судиите Европскиот суд за човекови права, судиите на националните судови, новинари и претставници на организации на одбраната на слободата медиумите, владите и меѓународните организации.

Учесниците на конференцијата ќе си постават прашање, дали Европа не се лизгаа кон криминализација на слободата на изразување, како одговор на говорот на омраза. Тие, исто така се запрашаат за средствата за борбата против тероризмот, со истовремено почитување на слободата на изразување на интернет, како и влијанието на масовен надзор на слобода на изразување. 

Денеска Генералниот секретар на Советот на Европа, Торбјорн Јагланд, ќе ги претстави пред новинарите ефектите од платформата која Советот на Европа ја направи за да се зајакне заштитата на новинарите и нивната и на безбедност, создадена неодамна од страна на Советот на Европа за да се олесни брзо ширење на предупредувања за закани врз новинарите и се овозможи ефикасна превентивна акција.

Меѓу предложените теми на кои ќе се дебатира на конференцијата е и темата за „Декриптирање на влоговите и евалуација на последиците од масовното прислушување за слободата на изразување“.

Конференцијата беше отворена, од страна на генералниот секретар на Советот на Европа, Торбјорн Јагланд, амбасадорот на БиХ Алмир Саховиќ, како претставник на претседателството на Комитетот на министри на Советот на Европа, претседателот на Уставниот суд Турција, Зухту Арслан, Комесарот за човекови права, Нилс Мужниекс, Претставникот на ОБСЕ за Слобода на медиумите, Дуња Мијатовиќ, како и претставникот на германската федерална влада за политиката човековите права и хуманитарна помош, Кристоф Штрасер.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...