Слободна далмација - Сплит

Европа пред ѕид: Или враќање на границите или пропаст

Затварањето на границите беше еден од првите потези на француските власти по терористичките напади во Париз. И токму тој потег покажува дека многу лесно може да биде основна причина за крвави напади на иднината на Европа. 

Европа без граници и ѕидови е основа на која се темели Европската унија, нејзиниот заеднички пазар, па така и развојот и благосостојбата. На народите на Европа им требаа децении по Втората светска војна да ги укинати бариерите меѓу нив, но сведоци сме како со голема брзина се враќаат.

Почна со оградите на надворешните граници, но вистинска опасност за единството на Европа беа повторно подигнатите граници меѓу нејзините држави, а тоа, кога ќе се проучи логистиката на терористите кои направија масакр во Париз, може да се случи за многу брзо време. 

Веднаш по Франција уште неколку европски земји како Велика Британија, Австрија, Германија, Холандија, Белгија и Шпанија, објавија дека ја засилуваат контролата на границите и своите безбедносни мерки.

Основна предност

Имено, има се повеќе детали кои покажуваат дека нападите иако во нив учествуваа француски државјани, не се организирани и подготвени во Франција, туку во Белгија. Автомобилот со кој стигнале во Париз бил изнајмен во Белгија во која се уапсени членовите на семејството на Исмаил Мостефај, момче од Куркуронес, јужно предградие на Париз, кој, како што објавија француските власти, живеел во Белгија.

Логиката е едноставна: да постоеше граница меѓу Белгија и Франција, напаѓачите не би дошле до Париз или самите напади би ги спровеле многу потешко. Вака, пред француските тајни служби се сокриле во Белгија, од каде можат да патуваат без проблеми и било какви контроли. Истовремено, покрај целата технологија и договорената соработка, информациите меѓу безбедносните служби на различни држави патуваат многу побавно.

Има неколку докази кои упатуваат на тоа дека терористите на Исламската држава на овие околности се прилагодиле уште одамна, односно дека шенгенскиот режим почнале да го користат во своја главна предност. По масакрот во редакцијата „Шарли Ебдо‟, неколку инциденти отворено упатуваа на тоа дека, кога Франција е во прашање, главната терористичка закана, што звучи апсурдно, доаѓа од Белгија, на чија територија терористите подготвиле логистика за напади во соседните земји.

Распад на системот

Набрзо по нападот врз францускиот магазин, белгиската полиција покрена голема антитерористичка операција во Вервиерс, град со околу 60.000 жители во близина на границата со Германија, како и во уште неколку други градови.

Убиени беа двајца терористи, кои според белгиските власти, подготвувале напади од големи размери. Пред тоа уапсија трговец со оружје кој продал оружје на Амеди Кулбали, со кое тој упадна во продавница за храна во Париз, во време на крвопролевањето во „Шарли Ебдо‟.

Како најјасен сигнал каква тактика ќе почнат да применуваат терористите на Исламската држава на сите најдобро им даде до знаење инцидентот во возот Амстердам-Париз, кон крајот на август оваа година, кога, до тогаш на безбедносните служби целосно непознатиот Ајуб Ел-Казани, вооружен со калашников и пиштол планирал да убива патници.

Не се случи трагедија бидејќи му се заглавило оружјето, туку поради тоа што го совладаа припадници на американска војска кои се затекнале во возот. И овој напаѓач живеел во Белгија, а во возот влегол пред границата со Франција. 

Освен што на самите терористи, било да се работи за државјани на некоја европска земја, било да се работи за азиланти, им е овозможено непречено движење, сегашниот режим меѓу државите на Шенгенот многу им олеснува и на шверцерите на оружје.

Тоа е втор голем проблем во борбата против екстремистичките ќелии во Европската унија. Оружјето со кое се вршат нападите тешко дека се криумчари од Блискиот Исток, туку најверојатно стигнува од самата Европа, пред се од подрачјето на Украина зафатена со војна, а уште поверојатно од подрачјето на Балканот, до неодамна зафатен со војна.

И хрватската полиција во последните десет години разби неколку такви шверцерски групи кои најчесто оружјето го разменувале за дрога на подрачјето на Холандија.

Добри врски

Некои од краците на тие разгранети џинџири завршуваа во Франција, каде работата ја воделе Хрвати, поранешни припадници на Легијата на странци, кои „го одработиле‟ својот ангажман и во Татковинската војна. Значи, имале доволно контакти на двете заинтересирани страни, покажувајќи дека криминалот ја исклучува религијата и идеологијата. Откако Хрватска влезе во Европската унија, ваквите шверцерски потфати значително се полесни, а борбата против нив повторно зависи од квалитетот на полициската соработка.

Значи, најголемиот предизвик за Европа, по последните напади е како да се постави во иднина, кога се во прашање границите. Нивната обнова веќе се случи на мигрантската рута - Германија и Австрија го укинаа шенгенскиот режим на одредено време, а таа одлука веројатно ќе остане во сила уште некое време. Но, многу поголем проблем е прашањето на Шенгенот меѓу членките во „срцето‟ на Европа.

Ако одлучат да го задржат, државите ќе мора многу посилно да ги поврзат безбедносните служби и да ги заострат и позначајно да ги унифицираат различните прашања за азилантската политика. Тоа пак значи поголема европска, наднационална и уште помалку национална јурисдикција, што повторно е се помалку прифатливо за многу нејзини граѓани.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...