„Дејли мејл“ платил 50.000 евра на сопственикот на парискиот ресторан за да ја добие снимката од нападот

Париз, 24 ноември 2015 (МИА) - За да ги добие снимките од видеоконтролата при терористичкиот напад, „Дејли мејл“ му платил 50.000 евра на сопственикот на „Каза ностра“, пренесува дописникот на МИА од Париз.

Оваа информација ја откри телевизиската емисија „Ле Пети Журнал“ на Канал плус, прикажувајќи репортажа снимена со скриена камера. На снимката се гледа како сопственикот на ресторанот е во преговори со англиските новинари.

Според новинарот кој ја сними репортажата, Џафер Аудиа, преговорите траеле 12 часа. Притоа на помош бил повикан и хакер за да ги најде видео снимките од контролните камери, кои беа криптирани од француската полиција.

Пазарот склучен меѓу сопственикот на пицеријата и англиските новинари му дозволиле на англискиот таблоид да има ексклузивни видео снимки. Веднаш потоа хард дискот бил уништен пред нивните очи. Сумата од 50.000 евра била платена во готово.

Минатата недела оваа емисија обелодени дека на англиските новинари им се нуделе видео снимките од полициската антитерористичка акција во Сен Дени.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...