Песков: Авионот леташе над Сирија

Сочи, 24 ноември 2015 (МИА) - Кремљ со сигурност знае дека рускиот воен авион Су-24, кој е урнат денеска, се наоѓал над Сирија, во сирискиот воздушен простор, изјави денеска портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков. 

Тој додаде дека во овој момент не би било правилно да зборува за какви било последици по руско-турските односи откако турските ловци го соборија рускиот авион. 

- Не би било правилно во овој момент да давам какви било оценки, претпоставки и да изнесувам заклучоци додека не ја добиеме целата слика, изјави Песков за медиумите во Сочи. 

Според неговите зборови, Кремљ со сигурност знае дека авионот Су-24 летал над Сирија. 

- Сепак, се уште не сме добиле од нашето Министерство за одбрана информации за причинита за падот на авионот. Знаеме само дека се наоѓал во воздушниот простор на Сирија, над територијата на Сирија, нагласи Песков. 

Тој додава дека постои можност претседателот на Русија Владимир Путин да се огласи денеска по повод инцидентот. 

Песков, исто така, рече дека Кремљ не знае дали посетата на шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров на Турција, најавена за утре, е одложена поради инцидентот со авионот. 

- Прашајте го Министерството за надворешни работи, им порача Песков на новинарите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...