Скај ТВ : Првпат по 1952 година НАТО собори руски воен авион

Лондон, 24 ноември 2015 (МИА) - Првпат по 1952 година, една земја членка на НАТО собори руски воен авион, посочува британската телевизија Скај во анализата по денешниот инцидент во близина на сириско-турската граница, во кој турските воени сили тврдат дека нивни авиони собориле руски „Су-24“.

Турската страна соопшти дека „странскиот авион“ го повредил воздушниот простор на Турција и пред да биде истрелана ракета кон него, бил „десет пати предупреден, во рок од пет минути“.

Руското Министерство за одбрана, меѓутоа, тврди дека авионот кој летал на 6.000 метри височина, бил погоден со ракета од земја.

Во соопштението на Министерството во Москва се вели дека соборениот руски „Сухој“ ниту во еден момент не го повредил турскиот воздушен простор и дека постојано летал над сириската територија.

Скај телевизија во извештајот од рускиот главен град јавува дека Министерството за одбрана сооштило дека располага со „прецизини докази„ дека авионот кој е соборен не повредил странски воздушен простор.

Според оваа британска телевизија, станува збор за „исклучително сериозен и политички опасен настан“ не само поради тоа што авиони на НАТО соборија авион на руската воена авијација, туку и поради неизвесноста како понатаму ќе се развиваат работите, не толку на сирискиот фронт, колку во односите меѓу Русија и Западот.

Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков во првата изјава само кусо рекол дека „станува збор за сериозен инцидент, но дека засега е рано да се извлекуваат попрецизни заклучоци“.

Во Лондон се оценува дека првите реакции во Москва се внимателни и со одбрани зборови. Скај тв открива дека рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров треба утре да допатува во Турција во една, како што се вели, мошне важна мисија, што може да ја објасни ваквата првична руска реакција.

Русија во овој момент настојува да утврди прецизно што навистина се случило, а силите стационирани во Сирија, први да ги најдат пилотите на „Сухојот“ за кој се верува дека катапултирале и дека се живи.

Руски воени хеликоптери ја пребаруваат зоната во реонот на Латакија, каде паднал авионот, но западните медиуми јавуваат оти сириските бунтовници веќе се пофалиле дека едниот од пилотите е во нивно заробеништво.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...