Оланд: Франција се стреми да ја предводи најголемата коалиција во името на животот

Париз, 24 ноември 2015 (МИА) - Франција се стреми да застане на чело на најшироката коалиција во името на животот како домаќин на Климатската конференција на Обединетите нации, која ќе почне вo понеделник во Париз, како и во борбата против тероризмот по нападите од 13 ноември, изјави францускиот претседател Франсоа Оланд во интервју за списанието „Експрес“.

На прашањето за врската меѓу борбата против климатските промени и антитероризмот Оланд одговори: „Да тоа е една иста битка“.

- Таа битка значи од една страна да го браниме човештвото од смртоносните дејствија, кои ги извршува Исламска држава. Од друга страна да ја заштитиме планетата од сопствената недоследност, која утре може да биде извор на конфликти и причина за војни, истакна Оланд. 

- Тоа е двојна битка против фанатизмот, кој денеска убива луѓе и против индиферентноста, која и штети на нашата планета, додаде францускиот претседател.

Тој нагласи дека и на двата фронта Франција е на предната линија и се стреми да застане на чело на најшироката коалиција во името на животот и додаде дека „човекот отсекогаш си бил непријател самиот на себе“.

- Знаев дека Париз претставува симбол, но не претпоставував дека нападите од 13 ноември тоа толку многу ќе го истакнат, рече Оланд во интервјуто, кое треба да биде објавено утре. 

Околу 140 државни и владини лидери се очекува да пристуствуваат на Конференцијата за климата на ОН на денот на нејзиното отварање.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...