Партијата на Јанша предлага забрана на бурките во Словенија

Љубљана, 24 ноември 2015 (МИА) - Водечката опозициска Словенечка демократска партија (СДС) на поранешниот премиер Јанез Јанша предложи забрана за носење на бурки на јавни места во Словенија, поради „културолошки, но и безбедносни причини“. 

Законскиот предлог на СДС предвува забрана за покирвање на лицата на жените, како што е карактеристика во конзервативните муслимански општества, со што, како што тврди, превентивно би се спречила радикалиацијата на муслиманите доколу дојде до зголемен прилив на бегалци од Блискиот Исток и Авганистан.   

За носењето бурка на јавни места со законот се предвидува казна од 100 евра.

Предлогот предизвика големи контраверзи во словеначката јавност од причина што меѓу муслиманките во Словенија нема традиција за носење бурки. 

Исламската верска заедница одби да го коментира предлогот, додека секретарот на Словенечкиот муслиманси сојуз (СМС), Един Кумалиќ најави дека неговата организација ќе иницира оценување на уставноста на таквиот закон, доколку евентуално биде усвоен од Парламентот на Словенија.   

- Таквиот закон би претставувал кршење на основните човекови права и на слободата на верско изразување, изјави Кумалиќ.

Словенечките полиитчки партии реагираа различно на предлогот, зависно од нивната политичка ориентеција, но поголемиот дел од нив се изјаснија негативно во однос на иницијативата. 

Во врска со предлогот се огласи и Словенечката бискупска конференција, која оцени дека ова претставува прашање за кое мора првенствено да се изјаснат надлежните државни институции.

- Словенечката бискупска конференција начелно смета дека сите луѓе имаат право да живеат во согласност со своите културни и релогиозни уверување, се наведува во соопштението на заедницата на католичките бискупи во Словенија. 

Во Словениоја живеат околу 50.000 муслимани, во најголемиот број Бошњаџи и Албанци од подрачјата на поранешна Југославија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...